Германската министерка за одбрана во официјална посета на Република Македонија

Сподели

 

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска ја пречека германската колешка Урсула фон дер Лаин, која дојде во официјална посета на Република Македонија.

-” Референдумот претстои. Знам дека тој е поврзан со името на вашата држава, вашиот идентитет и историја, но сепак во овој референдум гледам голема шанса. Верувам дека граѓаните на вашите земја ќе земат активно учество. Од нашето искуство во врска со германското обединување можам да кажам дека такви шанси се уникатни и дека треба да се искористат. И кога зборувам за искористување на шансата сакам да кажам дека зборувам за обединета Европа, дека сакаме заедно да продолжиме да ја градиме Европа со вас” – изјави германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лаин на денешната заедничка прес-конференција.

-“Од моментот кога ја добивме поканата за НАТО формиравме тимови за подготовка на пристапни разговори. НАТО-тимови веќе беа во земјата, а на крајот од месецот ќе следуваат средби со претставници на НАТО Алијансата и во Брисел. Разговорите се водат според планот. Не очекуваме никакви прашања кои може да го успорат процесот. Можеме однапред да кажеме дека фокусот ни е таму. Македонија ќе биде подготвена да го склучи протоколот за пристапување во НАТО. Она што политички не чека, што политички мора да го докажеме е дека имаме целосна и неподелена поддршка на овој процес и тоа ќе го направиме на 30 септември. Мислам дека успешниот референдум, успешниот процес на македонска страна дефинитивно ќе ги забрза сите наши сојузници да помогнат пристапниот дијалог да биде брз, ефикасен и квалитетен” – изјави Шекеринска.

 

https://www.facebook.com/MakedonskaInformativnaAgencija/videos/1119706014870721/