ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со мала облачност и топло. Ќе дува слаб ветер претежно од источен правец.

Утринската температура ќе се движи од 6 до 14, а дневната температура ќе се движи од 26 до 32 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од источен правец. Температурата ќе се движи од  12 до 31 степени.

До понеделник продолжува периодот на стабилно, суво и топло време. Во недела ќе има извесно зголемување на облачноста со умерен северен ветер и благо опаѓање на дневната температура.

Позначителна промена на временската состојба со поизразено заладување се очекува од вторник.