Полицијата ги истражува хакерските напади врз веб страните на МЗ и МОН

Сподели

 

Веб страниците на министерствата за здравство и образование веќе четврти ден не работат како мета на хакерски напад и полицијата се уште истражува.

Со истрагата на полицијата, ситуацијата ја следи и обвинителството.

„Јавното обвинителство внимателно ги следи сите информации во врска со овој предмет, но и со останатите пријави за упади во веб страници на државни институции и доколку бидат утврдени елементи на кривично дело, ќе постапи согласно своите надлежности“, велат од Обвинителството.