Пороен дожд со силен ветер, а на планините снег

скриншот
Сподели:

МАКЕДОНИЈА – Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 20 l/m²). Претежно во источните региони ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 70 km/h). На планините во северните делови врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од јужен, а попладне од северен правец.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има услови врнежите да бидат проследени со појава на ретки грмежи. Претпладне ќе дува умерен до повремено засилен ветер од јужен, а попладне од северен правец, информираат од УХМР.

фото скриншот

Сподели: