Гир: Регулативата на ЕУ забранува споделување верска и етничка припадност

Сподели

 

 

„Регулативата на ЕУ за генерална заштита на податоците забранува процесуирање на лични податоци кое открива расно или етничко потекло, политичко, религиозно или друго убедување, сексуална ориентација и низа други прашања”.

 

 

Евроамбасадорот Дејвид Гир, денеска изјави дека регулативата на ЕУ забранува споделувањето на лични податоци како расна и етничка припадност, како и политичка и верска припадност, во однос на тоа дали предложениот закон за лични карти и наведувањето на етничка определба е согласно европската регулатива.

„Во Европската Унија, личните карти во моментов се сè уште регулирани од страна на земјите членки, но регулативата што ја споменав, што ги содржи првите правила кои се однесуваат на овие документи на ниво на Унијата, ќе стапи на сила во август 2021“, – изјави Дејвид Гир.

Усогласувањето на законодавството на земјава со правилата и стандардите на ЕУ е важен процес и ЕУ отсекогаш ја охрабрувала Македонија да постигне напредок на ова поле затоа што ова е едно од првите работи што би се оценувале при почетокот на проговорите,- посочи Гир.