Годишна награда за Државниот архив

Сподели

 

 
Во Битола по 23-ти пат се одржа манифестацијата “Успешни битолчани”, на која посебно признание доби и Државниот архив.
 
 
 
 
“Оваа награда Државниот архив ја доби заради своите активности и залагања за афирмација на нашата историја, култура и традиција, во земјава и во странство, за што значаен придонес има и Одделението на Државниот архив во Битола и нејзиниот раководител, Гоце Стојановски” – изјави директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески, кому му беше врачена оваа годишна награда.