Голема полициска акција во Диво Насеље

Сподели

 

Министерството за внатрешни работи потврди дека голема полициска акција претпладнево се одвива во населбата Диво Насеље во Куманово. Од МВР за МИА ја потврдуваат акцијата и повеќе детали најавуваат за во текот на денот.

Претходно Алсат ТВ јави дека е опколена куќа во кумановската населба Диво Насеље и дека се работи за потрага по наркотици.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски пред неколку денови во интервју за МИА рече дека годинава во делот на недозволената трговија со дрога биле преземени интензивни мерки и активности. Пресечени се некаде околу 16 меѓународни транспорти на марихуана и хашиш и сузбиени се пет криминални групи, рече Спасовски.