Горан Трајковски директор на ДЗЛП си поднесе оставка

Сподели

 

Директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци Горан Трајковски доставил барање за престанок на функцијата директор на Дирекцијата за заштита на личните податоци до Собранието на Република Северна Македонија.

„-Во изминатиот период раководејќи со Дирекцијата за заштита на лични податоци, силно помогнат од вработените, Собранието и соодветните владини институции успеавме да покажеме и докажеме дека слабостите се препознаени и истите согласно најдобрите европски практики во областа на заштитата на личните податоци знаеме и можеме да го поставиме согласно европските вредности“, стои во понудената оставка на Трајковски.

Трајковски беше назначен за директор на ДЗЛП во 2016 година, а претходно скоро десет години се наоѓаше на директорската функција во Управата за јавните приходи. Неговото име беше најпрепознатливо во јавноста кога УЈП ги блокираше сметките на А1 телевизија во 2011 година, што на крајот доведе до затворање на еден од највлијателните медиуми во земјата.