Промоција на „Растајнување на светлината“ од Дијана Петкова

Сподели

Концепт 37, вторник, 21 мај, 20.00 часот, Промоција на „Растајнување на светлината“ – хаи[на]ку, превртено хаи[на]ку и хаи[на]га од Дијана Петкова, издание на ПНВ Публикации.

Книгата содржи и илустрации од академскиот сликар Тони Шулајковски, па во рамки на промоцијата на книгата ќе биде поставена и изложба на неговите дела.

Промотор: Елена Пренџова
Стихови ќе чита: Софија Бислимоски

***
„Растајнување на светлината“ претставува богата збирка најсовремени експериментални поетски форми, стотина на број, сите разнолики и уникатни целини и сите мајсторски умешно „скоцкани“. Растајнување на светлината претставува првата и единствената книга хаинаку и превртено хаинаку во Македонија.“ – Елена Пренџова