Ѓорѓиевски: Кој работи тој и греши

Сподели:

“Кој работи и греши, а ме радува кога најголемиот проблем во Скопје е печатена грешка”, напиша градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски по грешниот билборд кој беше поставен на влезот од Скопје.

“Тоа е така затоа што јас и мојот тим го слушаме гласот на граѓаните и ги решаваме нивните проблеми. Веќе нема заборавени маала и населби, работиме посветено и чесно во служба на граѓаните.

Опозицијата очигледно нема ниедна сериозна тема па се занимава со ниски страсти.

Ако нашиот најголем грев е печатена грешка, тогаш сме на одличен пат! Жално е што поминаа два градоначалнички мандати и никој не го промени знакот ,,Добредојде во Скопје”, кој руиниран стоеше така со години. Печатената грешка веќе е коригирана, а Скопје доби нов знак како што доликува.

И за да нема дилеми, корекцијата градот не го чини ништо и трошоците се на компанијата – изработувач која го постави преку ЈП ,,Улици и патишта”, – изјави Ѓорѓиевски.

Сподели: