Ѓорѓиевски: Ноќеска се чистеше Скопје, градот што го сакаме

Сподели:

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски на својот официјалне фб профил, ноќеска објави за активностите кои беа презедени од страна на градот.

“Вечерва, додека градот мирува, на терен се случува она што секојдневно го работиме со срце, одговорност и посветеност – генералка на Скопје, градот што го сакаме. Од доцните вечерни часови, сѐ до рано наутро, екипите се на улиците.

Се перат сообраќајници, се собира отпад, се чистат јавни површини и се отстрануваат мини депонии кои не смеат да бидат слика за нашиот град.

Скопје заслужува да биде чист, уреден и достоинствен град. Но, чистотата не е само обврска на институциите туку заедничка одговорност на сите нас. Затоа, упатувам јасен апел до сите: да го чуваме градот! Да не фрламе отпад каде што не му е место. Да покажеме почит кон улиците по кои одиме, кон парковите во кои се одмораме, кон населбите во кои живееме.

Нашиот народ заслужува чисто Скопје. Нашите деца заслужуваат поубава слика од градот. А ние имаме обврска тоа да го обезбедиме. На терен сме до рано наутро, за утре скопјани да се разбудат во почист, поуреден и поубав град.

За Скопје. За скопјани. За градот што го сакаме.”

Сподели: