Гостивар: Девојче се удави во Вардар – бегало од кучиња скитници!

Сподели

 

Вчера во Гостивар беше пријавено исчезнување на 17 годишно девојче, кое после неколку часа во обемната потрага на гостиварската полиција и локалните жители, било пронајдено во реката Вардар, во близина на гостиварското село Балиндол, без знаци на живот.

Девојчето било забележано како бега од глутница на кучиња – скитници, по што паднало во водите на реката.

Се очекува веќе да започне увид од страна на Јавен обвинител и утврдување на идентитетот на телотот, пренесува Гостивар прес.

Веќе подолго време граѓаните на општина Гостивар се жалат поради огромниот број на кучиња скитници во градот кои што во големи групи се забележуваат насекаде. Од гостиварската болница откриваат дека во изминатиот период биле забележани неколку случаеви на граѓани кои што претрпеле повреди додека бегале од кучињата скитници.