Роџер носи насмевка и чувство на сигурност кај пациентите

Сподели:

Д-р Велковски ја поздрави иницијативата на Универзитетската клиника за психијатрија за вдомување куче кое е активно вклучено во работата со пациенти, а вработените задолжени за грижа на Роџер имаа можност да добијат исклучително корисни информации за неговата грижа и благосостојба.

Посебен акцент беше ставен на активностите во кои се вклучени децата и адолесцентите кои се соочуваат со потешкотии, како и на придобивките од присуството на животно во терапевтскиот процес.

Ваквите обуки имаат особено значење, бидејќи обезбедуваат континуирана едукација кај вработените, но и поквалитетна поддршка за пациентите. Истовремено, тие придонесуваат за подобра грижа и благосостојба на самото животно, кое е важен дел од терапевтскиот тим.

Роџер веќе одлично се снаоѓа во клиничката средина и со својата мирна и пријателска природа успева да донесе насмевка и чувство на сигурност кај пациентите, додека кај вработените е вистински миленик и неизоставен дел од секојдневието.

Сподели: