Вести Македонија Ударни вести

Град Скопје ќе набави садници за нови зелени површини

Сподели:

 

Град Скопје најави дека во 2022 година ќе отпочне со реализација на оформување нови зелени површини во Скопје, на кои се засадуваат дрвја и садници од различен вид.

Покрај новите и постојните зелени површини, планирано е дополнителни садници да се постават и во постојното средишно и странично зеленило по должината на булеварите и на магистралните улици, информираат од Град Скопје.

Во 2022 година предвидено е да се набават и дрворедни садници, зимзелени садници со покривки, како и декоративни садници и грмушести растенија.

Сподели: