Градоначалничката Арсовска е во официјална посета на Вашингтон

Сподели

 

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска е во официјална посета на Вашингтон каде оствари средба со повеќемина високи претставници на Стејт Департментот во врска со проектот поддржан од САД за ефикасно управување со финансии и ресурси на локалната самоуправа.
 
Арсовска имаше средба со претставникот на Стејт Департментот одговорен за Европски и Евроазиски работи, Бенсон Сивек како и со Брендон Банди главен координатор на Глобалната агенција за борба со корупција при Стејт Департментот.
 
На средбата се разговараше за пристапите и методите на локалната самоуправа за планирање на буџетот и ефикасно менаџирање со финансиите и ресурсите, со цел спроведување на практики на САД од етикчкиот кодекс во јавните институции и како истиот влијае врз транспарентноста, отчетностa и адекватното управување со ресурсите во справување со корупцијата.
 
На состаноците стана збор и за најдобрите практики кои ги применуваат локалните власти во САД за јавно-приватни партнерства за да се подобрат капацитетите на локалната власт, при што беше нагласено дека постои простор за натамошно интензивирање на соработката помеѓу двете пријателски држави, размена и примена на искуствата на САД во Македонија во борбата против корупцијата која е рак на македонското општество.