Градот Скопје воведува бесплатен јавен превоз

Сподели

Градоначалникот Петре Шилегов денеска објави итни мерки и препораки за намалување на загадувањето на воздухот.

“Во согласност со Законот за квалитет на амбиентниот воздух, а во насока на намалување на загадувањето на воздухот со кое сме особено соочени во последниве неколку дена, како и во согласност со ингеренциите што ги имам како градоначалник на Град Скопје, ја информирам јавноста дека ги донесувам следниве мерки и препораки кои стапуваат во сила веднаш: Градот Скопје од 27 декември 2017 година воведува бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП и во автобусите на приватните превозници, се до моментот на намалување на загадувањето, за што јавноста дополнително ќе биде известена. Ги повикувам сите градоначалници од Скопскиот плански регион да помогнат во субвенционирањето на јавниот транспорт за полесно да ја поднесеме новонастанатата ситуација” – рече денеска градоначалникот Петре Шилегов.