Вести Македонија Ударни вести

Премиерот Заев – покровител на Светската средба на децата бегалци

Сподели:

 

Во организација на Републичкото здружение “Т`га за југ” и останатите егејски здруженија во земјата, идното лето во Скопје ќе се одржи петтата Светска средба на децата бегалци од Егејска Македонија.

Како што дознаваме, премиерот Зоран Заев прифатил да биде покровител на оваа хуманистичка манифестација чие основно мото е “Мир во светот- осуда на војните и детските прогони”.

Инаку, првата Светска средба беше одржана во 1988 година во Скопје, со поддршка на тогашното македонско раководство, кое што и покрај противењето на Белград, целосно застана зад нејзината организација и програма. Од таа средба, на која присуствуваа пет илјади учесници од разни европски и прекуокеански земји, беше испратена Декларација до меѓународната јавност со повик за заштита на децата ширум светот од сите видови воени и политички прогони!

Сподели: