Градската библиотека „Браќа Миладиновци” ќе биде отворена 24 часа

Сподели

 

Работното време на читалната во градската библиотека „Браќа Миладиновци” по барање на студентите ќе биде 24 часа, информираат од Град Скопје.
 
Ова беше договорено на вчерашната средба на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска со претставниците на Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Ева Цветковска и Вера Палевска.
 
Цветковска и Палевска во име на студентите побараа да им се овозможи да ја посетуваат читалната непречено 24 часа во денот, односно студентите да не се соочуваат со проблеми од типот на затворени читални секогаш кога тие ќе им бидат потребни.
 
Градоначалничката Арсовска искажа поддршка за нивните предлози.