Столковски не се обидува да ја дискредитира само министерката Ангеловска, туку сите жени

Сподели

 

ЦИВИЛ остро ја осудува срамната објава на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, насочена кон новата министерка за финансии, Нина Ангеловска. Пораката која доаѓа од Стоилковски изобилува со пораки коишто претставуваат дискриминација врз основа на род, сексизам, шовинизам и мизогинија.

Во демократско и прогресивно општество кое се стреми кон европски вредности нема место за шовинистички и сексистички изјави, особено не од портпароли на политички партии.

Недозволиво е претставник на една од најголемите политички партии да шири стереотипи околу учеството на жените во политичките и јавниот живот, служејќи се со примитивен речник.

Со ваквата реторика, Столковски не се обидува да ја дискредитира само министерката Ангеловска, туку сите жени. Времето на крајно мизерниот однос кон жените заврши!

Ја повикуваме Комисијата за заштита од дискриминација да поведе иницијатива за постапка пред надлежните органи поради повреда на законот за спречување и заштита од дискриминација од страна на Стоилковски. Државата и општеството мораат да стават крај на шовинизмот и мизогинијата!