Граѓански протест: „Извршители назад на суд“

Сподели

За денеска во 12 часот е закажан протест на граѓани кои се организираат преку социјалните мрежи пред Комората на извршители во Скопје, со пораката „Извршители назад на суд“. Тие велат дека почнува ловот на корумпирани извршители и сметаат дека нивното делување надвор од судовите е непотребно, а пак однесувањето е недозволиво.

Протестот е реакција на новиот Закон за извршување, со кој доколку граѓаните немаат платено комунални сметки, извршителот не смее да ги блокира без претходно известување.