ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето наутро ќе биде ведро и студено, преку денот сончево и тивко со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Утринската температура ќе се движи од -10 до минус 1, а дневната од 6 до 13 степени.

Во Скопје наутро ведро и студено со појава на утринска магла, преку денот сончево. Утринската температура ќе се спушти до -7, а дневната ќе достигне до 8 степени.

За време на викендот ќе има зголемена облачност со умерен северен ветер. На некои пониски места ќе има појава на слаб дожд, а на планините слаб снег. Потоа ќе се задржи стабилно време со услови за појава на магла по одделни котлини.