Гром удри во автобус со патници во Грција – нема повредени

Сподели

Меѓународен автобус изгоре од удар од гром на североистокот од Грција, а во несреќата нема повредени, соопшти противпожарната служба на Грција.

Громот удрил во автобусот за време на врнежите во попладневните часови во близина на границата со Турција.

Автобусот се запалил, а возачот го сопрел возилото и ги евакуирал  патниците.

Пожарот го гаснеле осумнаесет пожарникари со шест противпожарни возила.