Грција ја доби првата жена претседател на државата – Екатерини Сакеларопулу

Сподели

 

Грчките пратеници денеска ја изгласаа Екатерини Сакеларопулу за претседателка на државата, пренесе РСЕ.

За неа гласаа 261 пратеник од 300 пратеници колку што има грчкиот парламент.

Сакеларопулу, која ќе биде првата жена претседател на Грција, ја предложи актуелниот премиер и претседател на Нова Демократија Кирјакос Мицотакис. Таа ќе ја преземе функцијата на 13 март 2020 година, кога истекува мандатот на актуелниот шеф на државата Прокопис Павлопулос. Шеесет и три годишната Сакеларопулу е судијка која има искуство со уставното право и правото на животната средина.

 

РСЕ