Грција ја погодија два земјотреси

Сподели

 

Утрово, земјотрес со јачина од 4.5 степени по Рихтер во 8.45 часот ја погоди Грција и траел околу две минути, а 15 минути подоцна бил регистриран уште еден потрес со јачина од 3.9 степени.

Првиот земјотрес бил на два километри длабочина и 321 километри јужно од Атина, додека епицентарот на вториот земјотрес бил само 15 километри подалеку.

Нема информации за повредени лица.