Груевски повторно доцнеше на рочиште – Фетаи побара присилно приведување

Сподели

На денешното рочиште за насилството во општина Центар, експремиерот Никола Груевски повторно не се појавил на време.

Фетаи во судница се повика на законските одредби според кои ако обвинето лице е уредно повикано, а не се појави на судење, ниту го оправда своето отсуство, веднаш да биде приведен. Обвинетиот Груевски на рочиштето се појави со задоцнување од 20 минути.

На барање на Фетаи судот одлучи да ја раздвои постапката во овој предмет и одделно да му се суди на обвинетиот Митко Пецев, кој денеска по втор пат на се појави на рочиште.