Спасен повреден планинар на Кораб

Сподели:

Преку Единствениот број за итни повици 112, вчера беше примена пријава за повреден планинар на планината Кораб, кој поради повреда не бил во состојба да се движи. По добиената пријава, Центарот за управување со кризи-РЦУК Тетово веднаш оствари координација со СВР Тетово, ПС Маврово и ЈП Национален парк Маврово, со цел брза и ефикасна интервенција на терен.

Ренџерите од Националниот парк успешно го лоцираа повредениот планинар, кој бил во стабилна состојба, по што започнало негово безбедно спуштање кон село Жужње. Таму бил преземен од екипа на Итната медицинска помош од Гостивар за понатамошен транспорт и медицински третман.

Благодарение на брзата реакција и навремената координација на сите надлежни служби, повредениот планинар е безбедно евакуиран и во стабилна состојба, информираат од ЦУК.

фото ЦУК

Сподели: