Вести Македонија Текстови

Груевски: СДСМ лаже, единствениот приход ми е од платата

Сподели:

Со сета морална и материјална одговорност тврдам дека единствениот приход кој го имам изминативе години е приходот од платата која што ја добивам. Единствениот начин на кој што заработувам е преку платата која што ја добивав. Не постојат никакви екстра приходи, сомнителни трансакции или приливи какви што сака да измисли СДСМ, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ испратено во име на претседателот на партијата, Никола Груевски, а како реакција на денешната прес конференција на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

vesti 23.05 2

„Настапот на СДСМ е уште една голема лага, со која партијата се обидува да ги доведе во заблуда граѓаните. Целосна лага е тоа дека анкетните листови од 2014 и 2015 година биле сокриени. Тие беа доставени до Државната комисија за спречување на корупција и достапни на јавноста. Свесен сум дека актуелниот закон не го наложува тоа, но повторно би апелирал до ДКСК да ги стави на увид моите анкетни листови. На граѓаните им требаат проекти и просперитет. Не им се потребни вакви валкани и невистинити сплеткарења“, стои во реакцијата на Груевски.

Попладнево на иста тема, прес-конференција одржа и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Андон Чибишев,  кој пак го праша Шилегов како во 2015 година купил два стана од 72 и 64 метри квадратни, вредни 160.000 евра.

– Господине Шилегов, јавноста чека одговор, дали и како сте се стекнале со толкав имот, во вредност од 160 000 евра? Ако се земе во предвид дека вашата плата во просек е 1.000 евра месечно, значи дека Вие треба да работите 13 години како пратеник за да заработите толкава сума пари за да ги купите двата стана – рече Чибишев.

Сподели: