7 дена Вести

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели:

МАКЕДОНИЈА – Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне во крајните југоисточни предели е можен краткотраен локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Утринската температура ќе се движи од 9 до 15,  дневната од 20 до 27 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 26 степени.

Од утре до петок времето ќе биде стабилно, освен во југоисточните делови каде е можна појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Повторно зголемување на условите за нестабилност се очекува во деновите од викендот.

Сподели: