Ѓубрето се фрла надвор од контејнерите – Граѓаните да пријавуваат на 02/297231

Сподели

 

Во последните две недели ова се случува во центарот на Скопје зад Градежниот факултет и кај Дом на градежници.

 

 

Подземните контејнери се празни, а некој постојано го одложува отпадот во нивната околина и остава слика на нечист град.

 

 

Ги замолуваме граѓаните да ги пријавуваат ваквите случаи на бројот 02/297231 на Инспекторат на град Скопје за да можеме заедно да се бориме за чист и уреден град каков што го заслужуваме.

 

 

denesmagazin.mk