Признанија за најуспешни спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје за 2019

Сподели

 

Градот Скопје денеска ги додели признанијата на најуспешните спортистки, спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје за 2019 година. На доделувањето на овие престижни награди присуствуваше заменик – градоначалникот на Град Скопје, Енвер Малиќи.

 

 

– Денеска ја продолжуваме традицијата на Град Скопје – доделувањето на годишните награди за најуспешните во областа на спортот, коишто со своите постигнувања ја одбележуваат годината што изминува. Од срце ви честитам за постигнатите резултати за почит, резултати за голема афирмација на главниот град и на Република Северна Македонија. Како што доликува, вие и понатаму ќе ја имате нашата поддршка – финансиска, логистичка и морална, за да се радуваме и да ги славиме спортските успеси – рече денеска Малиќи.

 

 

denesmagazin.mk