Хан го поздрави целосното поништување на аболицијата и повика на преговори

Сподели

4938301430_cc3cc0f67c_z

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, на неговиот твитер-профил ја поздрави одлуката на претседателот Ѓорге Иванов целосно да ја поништи аболицијата на сите 56 политичари и нивни соработници и ги повика лидерите на партиите потписнички на Договорот од Пржино да се вратат назад на преговарачката маса.

„Поранешна Југословенска Република Македонија: Добредојдена одлуката на претседателот Иванов конечно да ги повлече сите помилувања. Ова овозможува правдата повторно да продолжи со својот тек и Специјалното јавно обвинителство да продолжи со важната работа. Премногу време се изгуби во последната година. Политичките лидери мора да се вратат назад на маса и да обезбедат целосна имплементација на НИВНИОТ Договор од Пржино вклучувајќи ги и реформските приоритети“, напиша Хан.

Хан го поздрави целосното поништување на аболицијата и повика на преговори