Вести Македонија

Хан во Скопје на средби со политичките лидери и со претставниците на граѓанскиот сектор

Сподели:

Еврокомесарот Јоханес Хан, утринава се сретна со премиерот Емил Димитриев, со кој разговараше за ситуацијата во земјата по предвремените парламентарни избори, одржани на 11 декември минатата година.

Еврокомесарот синоќа допатува во Скопје, а денеска ќе учествува на шестиот министерски состанок на земјите од Западен Балкан, посветен на регионалната соработка во областа на енергетиката.

По завршувањето на министерскиот состанок, Хан ќе има средби со претставниците на граѓанскиот сектор, како и одделни средби со лидерите на политичките партии кои освоија пратенички места во Собранието. Тема на состаноците ќе биде состојбата на Македонија по предвремените парламентарни избори, напорите за формирање влада и за враќање на земјата на евроатлантскиот пат.

Сподели: