Маричиќ: Ставот на Македонија за Сребреница е јасно утврден со Декларација во 2010 

Сподели

“Ставот на Македонија е многу јасен и утврден со Декларација на Собранието уште на почетокот на 2010 година, тогаш едногласно нашето собрание ја поддржало резолуцијата на ЕП за Сребреница каде таа е осудена како геноцид.

Меѓутоа треба да разграничиме две работи, едно е тоа во Сребреница, но таа дамка не може да се фрли врз целиот српски народ или Србија. Одговорноста кон Сребреница треба да се индивидуализира и затоа постојат меѓународни судови и трибунали, таа треба да биде со име и презиме за да во никој случај не биде доведена со цел народ или цела држава”, изјави Бојан Маричиќ по огласувањето на Бујар Османи во врска со Сребреница.