Харлем Дезир со поддршка за Регистарот за професионални онлајн медиуми

Сподели

 

Високиот претставник на ОБСЕ за слобода на медиумите, Харлем Дезир изрази поддршка за Регистарот на професионални онлајн медиуми кој вчера беше промовиран од Здружението на новинарите на Македонија и Советот за етика во медиумите на Македонија.

Дезир ја поздрави иницијативата за саморегулација според која онлајн медиумите кои ќе бидат дел од Регистарот ќе го почитуваат новинарскиот кодекс при своето работење a потребно ќе биде и да имаат транспарентно финансирање и импресум. „Медиумската саморегулација е корисен механизам и придонесува кон поквалитетно информирање, заштита на уредничката слобода и јакнење на медиумскиот кредибилитет“, изјави Дезир.