ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ: Пријавување нерегуларности на денот на изборите на 02/3119-073

Сподели

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија извести дека в недела, 15 октомври, канцеларијата на Комитетот ќе биде отворена во текот на целиот ден за да им овозможи на граѓаните да пријават повреда на избирачкото право за време на локалните избори.

Сите што сметаат дека нивното избирачко право е повредено, може да го пријават случајот во канцеларијата на Комитетот на улицата Наум Наумовски Борче, бр. 83, во Скопје или на телефонскиот број 02/3119-073. Пријава може да се поднесе и преку електронско писмо на адресата helkom@mhc.org.mk, а во него треба да се напише кратко образложение за настанатата повреда, локација (изборна единица и број на гласачко место) и време на инцидентот.

Граѓаните може да поднесуваат пријави идентификувајќи се или анонимно, но Хелсиншки ќе врши дополнителни истраги за секој случај поединечно.

„Сите пријави до Комитетот ќе бидат дополнително истражени за да се верификува нивната веродостојност. Тајноста и неповредливоста на личните податоци се загарантирани од страна на Хелсиншкиот комитет и тие нема да бидат објавени без претходна дозвола од граѓаните што ја пријавиле повредата“, соопшти Комитетот