Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Хибридна каридохируршка сала со најсовремена опрема, техника и со најсовремени методи

Сподели:

 

Премиерот Димитар Ковачевски ја посети Универзитетската Клиника за кардиохирургија каде започнаа да се извршуваат хируршки интервенции во хибридна операциона сала, што е голем исчекор во следењето на медицинските трендови и медицината базирана на докази. 

 

 

На Универзитетската Клиника за кардиохирургија, кардиохирурзите започнаа да работата во хибридна операциона сала, каде се работи со најсовремена опрема, техника и со најсовремени методи и благодарение на тоа нашите пациенти ќе добијат и услуга каква што се добива во западно европските држави.

 

 

 

Хибридната операциона сала овозможува хирургија со малку компликации, брз опоравок, кратка рехабилитација, таканаречена минимално инвазивна хирургија.

Со оваа хибридна кардио-васкуларна сала, како држава имаме можност да направиме многу голем исчекор во следењето на медицинските трендови и медицината базирана на докази, а најголемиот бенефит од овој проект, го имаат пациентите.

 

 

Тимот на хирурзи, лекари, целокупниот медицински персонал, овде во овој Универзитетски центар-Клиниката за Кардиохирургија, досега во многу наврати не направиле нас горди и среќни со нивната стручна експертиза, посветеност во работата, заштитата на пациентите, грижата за нив и овде до мене стојат доктори, практично кои што се и одликувани со благодарници од страна на Владата, за трансплантациите на срце кои што ги правеа во минатото заедно со нивните колеги.

 

 

Среде корона-кризата, на оваа Клиника се испиша историја за македонското здравство, се направи првата кадаверична трансплантација на срце, во земјата  односно трансплантација од починат донор. Сега со новата хибридна операциона сала јас верувам во многу успешни операции и многу задоволни пацинети во иднина.

Како Влада имаме одговорност да се грижиме за пациентите и за здравствените работници и ние ќе продолжиме да го правиме тоа. Бевме сведоци во текот на изминатиот период кога беа инсталирани голем број апарати, современа опрема за дијагностика во операциони сали а со цел зголемување на нивото на здравствените услуги во државата и подобри услови за лекарите.

 

 

Јас сакам на крај да се заблагодарам на честа што ми ја направија колегите од клиниката за кардиохирургија да бидам првиот којшто ќе ја види оваа хибрдина операциона сала. 

Им посакувам многу успех на докторите во нејзиното користење. И како што се вели, што помалку да се користи тоа подобро.“

Сподели: