Холанската амбасада подари 1000 лалиња и книги за бескрајната почит кон здравствените работници

Сподели

 

Повеќе од 1000 лалиња и голем број на книги од холандски автори преведени на македонски и албански јазик беа подарени од холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп преку Министерството за здравство до Институтот за јавно здравје и останатите јавно-здравствени установи во кои се лекуваат пациенти со КОВИД-19 – по повод Националниот ден на Холандија. Оваа година, овој ден се одбележува во знак на пожртвуваноста на здравствените работници.

 

 

„Она што нè обединува сите е истата мисла и истата цел – што поуспешно справување со коронавирусот, па оттука и денешните лалиња и книги се само една симболика и за благодарноста но и за бескрајната почит кон здравствените работници кои овој период го даваат својот максимум за лекување и третман на пациентите од Ковид-19. Холандија има огромна и континуирана поддршка во нашиот здравствен систем, се заблагодарам за грижата. Искрени честитки до амбасадорот Дирк Јан Коп, и амбасадата на Кралството Холандија по повод одбележувањето на Денот на кралот или Националниот ден на Холандија“ – изјави заменикот министер Арслани.

 

 

Заменикот министер Арслани изјави дека Холандија има континуирана поддршка за нашето јавно здравство, како што е тоа случајот и со проектот „ПериМак“, во соработка со холандската амбасада, инициран како партнерство за унапредување на здравствената заштита на мајките и децата, во рамки на кој е обезбедена значајна опрема и за Специјална болница за гинекологија и акушерство – Чаир.

 

 

„Исто така, реализирани се активности за подобрување на условите, капацитетите и експертиза на вработените во Специјална болница за гинекологија и акушерство во Чаир и од Универзитетската клиника за Детски болести-оддел за интензивна нега, со цел создавање „Perinatal Centres of Excellence“, Во рамки на проектот само во двете институции (Спец болн по гинек и акуш и Детска клиника) се донирани медицинска опрема, медицински потрошен материјал и лекови во вкупна вреднос од повеќе од 1,3 милиони американски долари. а во рамки на оваа етапа на „ПериМак“ проектот е обезбедена и медицинска опрема за гинеколошките одделенија во Клиничка болница –Тетово, како и Општа болница Куманово. Сите овие реализирани активности, како и конкретна поддршка и помош се доказ за едно искрено пријателство меѓу двете земји“, потенцираше заменикот министер Арслани.