ТВ НОВА: Во Министерство за здравство се делеле хонорари од 5-6 просечни плати

Сподели

Вработени со договор на дело во Министерството за здравство добивале енормно високи хонорари кои достигнувале износ и од 5-6 просечни плати, потврди денеска министерот за здравство Арбен Таравари. Министерот  Таравари не кажа конкретно за кои луѓе се работи, дали се тоа луѓе кои биле вработени во кабинетот на екс министерот Тодоров, но рече дека ревизијата е во тек и дека ќе излезат со дополнителни информации.

„Станува збор за многу луѓе кои работеле по договор на дело. Тие земале високи хонорари како во еврпските земји. Не знам точно за кои луѓе се работи, но ревизијата ќе покаже за кого конкретно с е работи и колку го оштетиле буџетот на Министерството за здравство“, изјави министерот Таравари.

Менче Точи, Тв Нова