Христијан Мицкоски на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват

Сподели:

Денеска во Тиват, Црна Гора се одржува Самитот Европска Унија-Западен Балкан, каде главен фокус ќе биде проширувањето на Унијата.

Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на Самитот Европска Унија- Западен Балкан, кој се одржува под слоганот „Заеднички просперитет и стабилност на Европската Унија и Западен Балкан“.

Самитот ќе се одржи во хотелот „Regent Porto Montenegro”, каде што лидерите ќе разговараат за актуелни прашања поврзани со европската интеграција на земјите од регионот и соработката со Европската Унија.

Покрај лидерите на шесте земји од регионот, присутни ќе бидат и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Каја Калас и претседателката на Европскиот парламент Роберта Метсола.

Со состанокот ќе претседава шефот на Европскиот совет Антонио Кошта.

Сподели: