Вести Македонија Ударни вести

Лицата со попреченост се дел од нашето општество, продолжуваме со заложбите за нивна поголема инклузија

Сподели:

 

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска се сретна со претставничките на Здружението на лица со Даунов синдром „Трисомија 21“, со кои разговараше за предизвиците со кои се соочуваат лицата со Даунов синдром и нивните семејства во секојдневното живеење, како и можностите и условите за нивна поголема интеграција во општеството.

 

 

„Денес, пристапот кон лицата со попреченост и нивното вклучување во секојдневниот живот е сменет и бележи голем напредок. Носењето на социјалната реформа значеше голем исчекор напред за сите лица со попречености, нивно вадење од институциите и сместување во мали групни домови, а дополнително со социјалните услуги на локално ниво се овозможува доближување на услугите до корисниците во местото на живеење“, истакна министерката Шахпаска.

Министерката Шахпаска посочи дека заложбите на лицата со попреченост со цел нивна поголема инклузија во општеството, разбивање на стереотипите и подигнувањето на јавната свест дека овие лица се дел од нашето општество продолжува и во иднина.

Сподели: