Хрватска го слави Денот на државноста

Сподели

 

Хрватска денеска го слави Денот на државноста, во знак на сеќавање на конституирањето на првиот демократски избран повеќепартиски парламент на 30 мај 1990 година, кој по децении комунистичко владеење ги создаде темелите на модерниот парламент и ја потврди неговата улога во зачувувањето на хрватската државност.

Првиот соств на Собранието имаше 351 претставник и три совети: Општината, Мешовитиот совет на трудот и Социјално-политичкиот совет. Мнозинство имаше ХДЗ, 207 од 351 мандат, Сојузот на комунистите на Хрватска – Партијата за демократски промени имаше 107, Коалицијата на Народен договор 21, Српската демократска партија пет, додека 13 мандати добија независни и претставници на националните малцинства.

Хрватска трета година по ред го слави Националниот ден на 30 мај. Пред три години на тој датум се прославуваше Денот на хрватскиот Сабор и беше спомен-ден и работен ден, додека Националниот ден се празнуваше на 25 јуни и беше државен празник и неработен ден.

Мнозинството на ХДЗ во Собранието ја воведе промената во ноември 2019 година при уредувањето на новиот календар на празници, со што се врати Националниот ден на 30 мај, како што се славеше пред 2001 година.