„Human Rights Watch“: Предупредување за Филипините за можно исклучување од УНХЦР

Сподели

Меѓународната организација за заштита на човековите права „Human Rights Watch“ (HRW) предупреди дека Филипините можат да се соочат со сериозни санкции поради грубото кршење на човековите права во крвавата војна што претседателот на оваа земја, Родриго Дутерте, ја води против трговците со дрога, јавува Anadolu Agency (AA).

Официјалниот претставник на ХРВ, Џон Фишер, изјави дека Филипините можат да се соочат со сериозни економски санкции и исклучување од членството во Советот на Обединетите нации за човекови права (UNHRC), кој брои 47 земји.

„Ние сметаме дека Филипините ги прекршуваат своите обврски кои произлегуваат од членството и оти Генералното собрание треба да размисли за исклучување на Филипините од УНХЦР“, рече Фишер, директор на „Human Rights Watch“ во Женева.

Фишер истакна дека членството во Советот е привилегија што ја имаат членовите на тоа тело и оти тоа, исто така, носи обврска на почитување на човековите права и соработка со таа организација.

Тој потсети дека 39 земји претходно дадоа заедничка изјава со којашто го осудуваат насилството и убиствата на илјадници луѓе на Филипините, во војната против дрогата.

„Постои широк спектар на санкции кои можат да се им наметнат на Филипините. Се разбира, тука се и економските санкции, особено оние на билатерално ниво“, рече Фишер, додавајќи дека ОН мораат да реагираат на насилството во Филипините.