И ЕУ од јули ќе воведе царини на производи од САД

Сподели

Европската комисија денеска ја донесе одлуката околу наметнување на дополнителни царини на одреден број на американски производи од јули,  како одговор на американскиот претседател, Доналд Трамп, да воведе давачки на увозот на челик и алуминиум од ЕУ, соопшти денес Европската комисија.

„Воведувањето на царини комплетно е во рамките со правилата на Светската трговска организација, а се однесува на пописот на производи за кои Светската трговска организација беше од порано известена“, објави Комисијата, додавајќи дека правилата на Светската трговска организација дозволуваат воведување на заштитни царини кои одговараат на штетите кои американските мерки им ги нанесоа на европскиот извоз, кој во 2017 година изнесуваше 6,4 милијарди евра.

Поради тоа, ЕУ ќе воведе царини на американските производи во износ до 2,8 милијарди евра за трговски размени.

Од ЕУ велат дека ќе се воведат “урамнотежени” тарифи на увозот на челик, земјоделски производи и други производи од САД како што се бурбон, путер од кикирики, брусница и сок од портокал.

Европската унија минатата година извезе во САД околу 5,5 милиони тони челик.