И легендарниот Абдул Џабар го нападна Леброн Џејмс – Овој пат навистина направи грешка!

Сподели

Еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата, Леброн Џејмс, неодамна изјави дека тој и неговото семејство биле вакцинирани против коронавирусот, но дека не сака никому да ја наметне својата позиција по тоа прашање.

Популарниот „Крал“ тогаш беше нападнат од поранешни и сегашни играчи кои сметаат дека тој треба да даде пример за секого како една од sвездите на лигата и да влијае врз свесноста за важноста на вакцинацијата.

По Енес Кантер, зборуваше и легендарниот Карим Абдул-Џабар.

– Јас сум голем фан на Леброн Џејмс, еден од најголемите кошаркари на сите времиња и хуманитарец кој се грижи за социјалната неправда. Му напишав пофалби многу пати досега и сигурно ќе го сторам тоа во иднина. Му се восхитувам и сум за него. Но, овој пат тој едноставно не е во право, а неговата грешка може да биде фатална, особено за црнечката заедница – смета шесткратниот освојуваш на титулите во НБА и МВП наградата.

The post И легендарниот Абдул Џабар го нападна Леброн Џејмс – Овој пат навистина направи грешка! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico