И овој викенд засилени контроли за непрописното паркирање на Водно

Сподели

 

За да се заштити планината Водно од загадување и за да се овозможи непречено и безбедно движење на сите учесници во сообраќајот, а особено на пешаците и на велосипедистите, градските инспектори и овој викенд ќе вршат засилени контроли во однос на непрописното паркирање на јавни површини.

Минатиот викенд благодарение на овие засилени контроли беше избегнат метежот од возила, а посетителите имаа оптимални услови за рекреација. Градските инспектори изрекоа околу 30 казни за непрописно паркирање на Водно, а бесплтаните автобуси беа преполни со патници.

Град Скопје им препорачува на граѓаните и овој викенд да го искористат бесплатниот автобуски превоз и да ги остават автомобилите во катната гаража „26 јули“ и на паркингот кај Цветен пазар (Дом на печат) и со автобус да се качат бесплатно на Водно.