И Полска минимално славеше над Северна Ирска, Милик јунак на мечот!

Сподели

Репрезентацијата на Полска ја оправда фаворитската улога и со минимални 1-0 ја совлада селекцијата на Северна Ирска во рамките на групата Д од ЕВРО 2016 во Франција.

милик

На средбата одиграна во Ница, Полска беше подобар противник, ја имаше контролата над играта и заслужено ги освои првите бодови на шампионатот.

По првите 45 минути мрежите мируваа, а Полјаците пронајдоа лек против добро организираната одбрана на дебитантските фудбалери, во 51-та минута кога Милик со шут од врвот на шестнаесетникот го постигна единствениот гол на натпреварот.

полска-с.ирска

Селекцијата која немаше пораз на 12 натпревари по ред, не упати ниту еден директен удар кон противничкиот гол, а само два пати се најде во близина на голманот Шчесни.

Дебитантот Северна Ирска не создаде ниту една посериозна шанса за гол и првите бодови ќе ги „бара“ на следните два натпревара од Ц-групата.

Така Пољаците ги прокнижија првите три бода на ЕП 2016.

Ова се инсертите од мечот…

The post И Полска минимално славеше над Северна Ирска, Милик јунак на мечот! appeared first on Спорти.


Source: Sporty