Вести Македонија Ударни вести

Игор Спасов е екстрадиран во затворот Идризово

Сподели:

 

Бугарските органи одговорија позитивно по барањето за екстрадиција на лицето Игор Спасов назад во Северна Македонија, по одлуката на Градскиот суд во Софија, кој донесе одлука да дозволи негова итна екстрадиција назад во земјата, инофмираат од министерството за правда.

Спасов претпладнево со цилно полициско обебзедување ја минал границата, а пред половина час е прситигнат во затворот Идрзиово.

Градскиот суд во Софија на 26 февруари донесе одлука за итна екстрадиција на Игор Спасов, кој е осуден за убиството на Мартин Нешковски, кој беше уапсен во Бугарија на 1 февруари по распишаната меѓународна потерница, информираа од Министерството за правда.Тој беше осуден на 14-годишна затворска казна за убиството на младиот Нешковски за време на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, на парламентарните избори на 5 јуни 2011 година.

По Спасов се трагаше од октомври 2019 година, кога не се вратил во затворот „Идризово“, откако претходно беше пуштен поради здравствени причини.

Тој првенствено се бараше со национална потерница, а потоа за него беше распишана и меѓународна потерница. На Спасов му остануваа уште 7 години и 3 месеци за доиздржување на затворската казна.

 
Барањето за екстрадиција на 10.02.2021 го потпиша Министерот за правда Бојан Маричиќ.
 
 
Сподели: