Вести Македонија Ударни вести

ИЈЗ: Починато едногодишно дете од Ковид со хронични заболувања

Сподели:

 

Институтот за јавно здравје информира дека во денешната ковид статистика во однос на починатите лица пронајдени од регистарот, пријавено е дете на една годишна возраст починато на 29.11.2021.
 
Според податоците добиени од Клиниката за детски болести, станува збор за дете кое престојува во дом за деца без родители во Битола. Истото повеќекратно наназад било хоспитализирано на КДБ  поради компликации во склоп на  основните заболувања: Остеохондродисплазија, Епилепсија, Хидроцефалус, Малнутриција, Дилатациона кардиомиопатија.
 

До денот на  последната хоспитализација, детето е  хоспитализирано   во Клиничка болница Битола  каде  поради долнореспираторен инфект е лекувано од 15.11.2021 до 24.11.2021  кога поради влошување на општата состојба и добиен позитивен тест на Ковид 19, е упатено  во ИБЗД Козле. По аплицирана терапија и неможност да се одговори на тежината на клиничката слика на детето кое е со континуирано ниска кислородна сатурација од 64%, а во претходен договор, од ИБЗД Козле детето се префрла на Клиника за детски болести како институција од терцијарен карактер, за понатамошен третман и соодветно лекување. 

Интензивниот мониторинг и лекување на детето во единица ургентен центар кое од денот на прием е на механичка вентилација,  се одвива  од 24.11.2021 до 29.11.2021 година, кога и покрај сите превземени дејствија за лекување и  реанимација, завршува летално. 

Сподели: