Регистрирани се 333 нови случаи и 6 починати лица

Сподели

 

Во последните 24 часа направени се 3.511 тестирања, а регистрирани се 333 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 181
• Прилеп и Битола – по 25
• Охрид – 14
• Куманово и Струмица – по 8
• Велес и Кавадарци – по 7
• Кичево – 6
• Кочани, Ресен, Валандово и Демир Капија – по 5
• Штип – 4
• Гевгелија, Неготино, Радовиш и Пробиштип – по 3
• Крива Паланка, Делчево, Виница, Крушево и Македонски Брод – по 2
• Тетово, Гостивар, Струга, Свети Николе, Богданци и Демир Хисар – по 1.
 
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица: 2 починати лица од Велес (64г и 83г) и по едно починато лице од Скопје (74г), Прилеп (90г), Кичево (85г) и Радовиш (79г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени
се дополнително 5 лица, починати во период од 22.11-20.12.2021 година. Починатите
лица се од Куманово (2), Скопје (1), Битола (1) и Гостивар (1). Починатите лица се на возраст од 1г до 86г. Од пријавените, 3 лица се починати во болнички услови, а 2 лица се починати во домашни услови.
Регистрирани сe 311 оздравени пациенти од:
• Скопје – 143
• Битола – 23
• Охрид – 17
• Кавадарци – 16
• Прилеп – 15
• Куманово – 13
• Струмица и Штип – по 9
• Валандово и Велес – по 8
• Неготино – 7
• Гевгелија – 6
• Кочани – 5
• Крива Паланка, Крушево и Свети Николе – по 4
• Ресен, Радовиш, Пробиштип и Тетово – по 3
• Кичево – 2
• Демир Капија, Делчево, Виница, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.565.599 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 222.666, бројот на оздравени пациенти е 209.602, на починати е 7.879, а бројот на активни случаи изнесува 5.185