ИЈЗ: Реагенси за Ковид-19 ќе има доволно

Сподели

 

Лабораторијата за вирусологија при Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) е единствената национална референтна лабораторија и лабораторија акредитирана од Светската здравствена организација за детекција на респираторни вируси, вклучително и новиот САРС-КоВ-2 (предизвикувачот на Ковид-19). Реагенси има и ќе има, затоа нема потреба од загриженост кај граганите, порача Шабан Мемети, директор на Институтот за јавно здравје на денешната прес-конференција, на која информираше за преземените мерки.

Тој соопшти дека ИЈЗ досега направил 258 тестови за КОВИД 19, информираше и за едукативните мерки што се преземени, а порача дека епидемиолозите на ИЈЗ се достапни за консултации 24 часа на телефонските броеви што се објавени од медиумите.

• ЦЈЗ Битола 071/261-330
• ЦЈЗ Велес 071/219-278
• ПЕ Гевгелија 078/545-444
• ЦЈЗ Кочани 071/373913
• ЦЈЗ Куманово 070/215-851
• ЦЈЗ Охрид 070/723-029
• ЦЈЗ Прилеп 076/475-747
• ЦЈЗ Скопје 071/289-614
• ЦЈЗ Струмица 072/235-543
• ЦЈЗ Тетово 075/240-464
• ПЕ Гостивар 076/365-161
• ЦЈЗ Штип 078/365-613
• ИЈЗ Скопје 078/387-194
• ЗД Ало докторе 02/15-123

– Се изготвува дата база на сите позитивни случаеви во државата, со сите географски, демографски, лабораториски контакти меѓу позитивни лица и место на нивниот третман со кој ќе се направи увид во моментална состојба – најави Мемети.